Maлолетник yкрaл мопед во центарот на Прилеп

На 20.03.2023 на бул. “Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од с. Заполжани, општина Долнени.

Тој се сомничи дека на ул. “Орде Тутески”, извршил кражба, при што одзел мопед. Малолетникот бил предаден на родител, а мопедот бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.