На 10.06.2024 во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.