Со масло на клупите против детските игри и седенки
По којзнае кој пат непознати сторители ги уништуваат клупите во парковите низ Прилеп. Овојпат на ред дојдоа клупите во паркот кај зградите на улица “Димо Наредникот”.
Причината според станарите е детскиот џагор и седенките во доцните часови, па затоа некој нервозен граѓанин, наместо да се разбере со збор, или да повика полициja, решил сам да реагира.
Ова не е начин! Полициjaта е секогаш тука да се справи со претерано гласните ноќни седенки и да го обезбеди мирот на граѓаните.
На ваков начин само се уништува она што е општокорисно за сите, па дури и за тој кој уништува.