На 9-ти Октомври во Прилеп се одржа хуманитарната поетско-музичка манифестација “Со босоногата по патот на светлината”, во организација на Клубот на литературни творци Прилеп и Ружа Спасовска, а наменета за лекување на нашиот малечок херој Дејан Најдоски од Прилеп.
Оваа манифестација под мотото: “ПОЕТИТЕ, ПИСАТЕЛИТЕ И УМЕТНИЦИТЕ ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА”, се одржа во два дела:
Дневна хуманитарна акција и вечерна хуманитарна акција.
Учесници во програмата и дел од хуманитарната мисија беа уметниците: Поети и писатели од Македонија, Танцов клуб „Темпо”, Тајфата и Димитар Андоновски, Филип Николоски и КУД „Моминок”.
Водител на манифестацијата беше Филип Димкоски, а на присутните им се обратија организаторите Ружа Спасовска, Цеца Видова Трајческа и Андриана Ристеска.
Ова беше прва од трите хуманитарни манифестации наменети за лекување на лица со аутизам и мултиплекс склероза.
Втората манифестација ќе се одржи во Битола, а финалната трета манифестација ќе се одржи на 19-ти Октомври во Скопје.
Прилеп и прилепчани со големиот одзив покажаа и докажаа дека се навистина хумани и спремни да помогнат во рамките на своите можности.
Донираните средства беа уплатени на донаторската сметка на Дејан Најдоски со желба за успешно лекување.