Македонските граѓани и натаму се меѓу најбројните туристи на албанските плажи. Освен изминатиот период, и сега е голем бројот на оние кои за одмор го избираат албанското крајбрежје, посебно Драч, Валона и Саранда.
Голема фреквенција и денеска е забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.
Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.
Додаваат дека со цел нормално да се одвива протокот на патници и возила да не се создаваат непотребни гужви зголемен е бројот на шалтери на кои се работи.
Од албанската страна работат шест шалтери, четири за влез и два за излез, додека на македонска страна на преминот пет шалтери.
Дел од македонските туристи, кои за одмор ја избрале Албанија минуваат и преку преминот „Блато“ кај Дебар. Станува збор за оние кои одлучиле да одмараат во Шенѓин, град кој е побилску доколку се патува преку Дебар, а каде климата е идентична со онаа со црнгорското летувалиште Улцињ.
Од друга страна продолжува високата бројка на новозapaзени со Koвид-19 во Албанија, што во континуитет е присутна во овој месец, во кој во просек дневно се регистрираат по најмалку 150 случаи.
Во изминатите 24 часа позитивни на Koвид-19 се 152 лица од 785 тecтиpaни случаи.