Maкедонците продолжуваат да ги осветуваат родните грутки: Во прилепско Канатларци ќе се гради црковен храм (ФОТО)

Во среда, 13.06.2018 година со почеток од 10 часот, во прилепското село Канатларци ќе биде ставен камен темелник на нов црковен храм кој ќе го носи името на Св. Богородица.

Луѓето од иницијативниот одбор на овој храм ги повикуваат сите верници и добронамерници кои сакаат да присуствуваат да дојдат во Канатларци.

Инаку, прилепско Канатларци е мултиетничка средина, каде со векови заеднички опстојуваат без никакви проблеми христијаните и муслиманите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.