Македонците од Австралија преку протест ќе ја изразат поддршката кон иницијативата “За заедничка Македонија” и ќе се придружат кон нашинците во Австрија и Обединетото Кралство кои веќе излегоа на протест и ги поддржаа масовните собири во Македонија.
Како што пишува на настанот на Фејсбук, Македонците во Австралија на 26-ти март во Канбера ќе протестираат и ќе го изразат својот револт кон албанската платформа од Тирана.