Викендов во соборниот храм на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, во организација на Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Македонското меѓународно движење за човекови права, Организацијата Обединети Македонци – Канада и Здружението “Андон Лазов Јанев – Ќосето”, заедно со Македонската координативна мрежа од Канада, како и македонските православни црковни општини и Македонската заедница во Канада одржаа Донаторски банкет.
На донаторскиот банкет биле собрание 116.000 канадски долари. Македонската координативна мрежа од Канада упатува искрена благодарност до сите донатори за собраните средства – стои во соопштението на веб страната од Светскиот Македонски Конгрес.
Донациите ќе се употребат за одбрана на македонските национални интереси, а сите заинтересирани ќе добијат отчет за употреба на средствата, изјавил Претседателот на СМК од Канада, Боби Темелков.
Во соопштението се вели дека донаторската акција не запира тука и се очекуваат уште многу донации.