Во средата на 14 ноември, турскиот ансамбл “Kaрделен” играше Пајдушко оро на полувремето од натпреварот во НБА лигата помеѓу Вашингтон Визардс и Кливленд Кавалирс.
Натпреварот се одигра во “Capital Onе” арената во Вашингтон, а на полувремето заедно со играорките во турски носии, настапи и Македонката Катерина Трајкова која беше облечена во македонска народна носија од скопскиот регион.
Околу 150 луѓе присуствувале на заедничката Македонско-Турска вечер, која била организирана во чест на играчот на Кавалирс, Чеди Осман, кој е роден во Охрид .
Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД.