Македонското супер талентирано девојче, Антониа Гиговска, стана вистински хит во целиот регион.
Нејзините настапи на музичкото талент шоу “Пинкови ѕвездички” и понатаму не престануваат да се слушаат, па на јутјуб со гледаност ги надминуваат и песните на голем број познати изведувачи.
Настапот каде Антониа ја изведува песната “Хајде онда ништа” oд Тијана Богичевиќ, го раситна првиот милион преглед, а нејзиниот настап каде ја пее песната “Ако згрешам нека изгорам”, има над 930.000 прегледи.
За сите кои немаат слушнато, уживајте во продолжение: