Maкедонското единство и непокор ги победи грчките неонацисти: Во селото Пателе се одржала прекрасна македонска веселба и покрај заканите и блокадите (ВИДЕО)

Maкедонците од цела Грција изминатава недела се собраа во грчкото село Пателе или Агиос Пантелејмон како што е преименувано од грчката држава.

Со традиционална песна и оро по којзнае кој пат одржаа прекрасна веселба и покрај заканите и блокадите од неонацистичката грчка политичка партија Златна зора.

Пред одржувањето на забавата, ултрадесничарите организираа протест со цел да ги спречат и заплашат луѓето да присуствуваат на настанот, велат дел од учесниците.

Присутни биле и бројни полициски сили, но сепак Македонците не се поколебале во својата намера и со звукот на гајдата и тапанот запеале на македонски.

Македонската вечер во Петеле ја снимиле од медиумската компанија “Recording Earth”. Нивниот новинар во видеото вели дека кога пристигнал во местото бил распрашуван од полицијата од каде е и што прави тука.

Тој додава дека менаџерот на хотелот каде се одржувал настанот му пренесол дека на ваквите настани секогаш се предизвикувало насилство и дека демонстрациите се случувале да го спречат негово одржување.

Во видеото зборува и Димитри Иоану, член на претседателството на “Виножито”, кој кажува дека Грција не го признава македонското малцинство и вели дека секој оној кој е поразличен грчката држава го гледа како закана.

“Recording Earth” потенцираат дека во Грција живеат помеѓу 10.000 до 250.000 етнички Македонци.

На крајот забавата се одржала без никакви инциденти, а Македонците по којзнае кој пат докажаа дека се издржливи и сплотени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.