Maкедонски клуб ја освои титулата во Австралија, а пласманот во повисок ранг се славеше со “Бисер балкански” (ВИДЕО)

На три кола до крајот во четвртата лига север на државата Викторија, македонскиот клуб Лалор Слога Јунајтед го осигура првото место и шампионската титула за 2018 година.

Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што беше доволно да направи недостижна предност од 10 бода.

После натпреварот грмеше соблекувалната! Фудбалерите ја запеаа “Бисе балкански” и со многу емоции го прославија пласманот во повисок натпреварувачки ранг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.