Maкедонски активист од Австралија тврди дека пописот е невалиден: Ја попиша својата покojна мajка (Видео)

Македонскиот активист и новинар Ицо Најдовски Перин, кој живее и работи во Австралија, ја доведе во прашање целата операција за пребројување на населението со информација која отвара многу непознаници кои можат да влијаат на веродостојноста на бројот на попишани македонски граѓани.

Перин открива дека тој без никаков проблем преку онлајн системот на Државниот завод за статистика ја попишал својата мајка која е почината.

Почитувани Македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на Албанците, објави Перин.

Тој во објавеното видео практично покажува како ја попишал својата покојна мајка.

Ицо Најдовски Перин е уредник и водител на програмата на македонски јазик на Радиотo 3ZZZ, кое емитува програма за Македонците во Мелбурн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.