Македонските фудбалери во своето деби на европските првенства во јуни ќе носат дресови на чиј преден дел ќе доминира рисот, кој веќе е аплициран на новиот брендиран автобус на Фудбалската федерација на Македонија што ќе ги превезува во Романија и во Холандија.
На страничниот дел од автобусот стои и слоганот „Сега е наше време“, под кој „црвено-жолтите“ ќе се претстават на континенталната фудбалска смотра.
По несреќниот пораз од 3:2 против Романија во Букурешт на стартот од мундијалските квалификации, избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечерва со почеток од 20:45ч. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречекаат Лихтенштајн.
Истовремено на Твитер се појави информација, дека логото на рис кое го има на автобусто, веќе го има и на друго место, речиси идентичен.
Си спуштивме free vector! #FFM бруки невидени КОЛКУ ПЛАТИВТЕ ЗА АВТОРСКОТО ДЕЛО ЗА ДИЗАЈН НА ДРЕС? pic.twitter.com/LQuXwZOs2a
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) March 28, 2021