Пред точно 5 месеци, го напуштивме својот топол дом и тргнавме на пат да го прегрнеме светот. Километражата на нашиот мотоцикл покажува изминати 30.500 kм – пишуваат на својата веб страна “Embrace the world”, Силвана и Тони Митреви.
Силве и Тони на 20 Jуни 2018 година од Македонија ја започнаа својата несекојдневна мисија, решија да го прегрнат светот заобиколувајќи го со мотоцикл. Патувањето го нарекоа “ГУШНИ ГО СВЕТОТ“, а нивната порака гласи: “Ве гушкаме сите, затоа што на светот му треба љубов, мир и соживот, сите сме еднакви и сите заслужуваме прегратки! Сакаат да покажат колку нашата мала држава Македонија, е држава која има љубов и почитување кон целиот свет. Започнаа со многу љубов и милиони прегратки од цела Македонија, надевајќи се дека оваа мотоцикличка мисија нема да остане незабележана и ќе успеат да ја завршат.
Илјадници прегрнати луѓе од најразлични вери и нации, илјадници раскажувања за една мала балканска земја, за мирољубивоста и топлината на нашата Македонија и милиони луѓе на кои нашето знаме ќе им остане во сеќавање како се виори по нивните патишта.
Многу непредвидени ситуации, лоши временски услови, лоши патишта и запознавање на стотици нови луѓе кои секој на свој начин се потрудија да ни го олеснат патувањето. Секако тука е и нашиот тим од Македонија кој не подржува и будно не следи и ни пружа безусловна помош.
“После 5 месеци заклучокот е ист, на светот му е потребна љубов.
Ние и понатаму ќе продолжиме да ја пренесуваме љубовта од нашата Македонија”, додаваат Силве и Тони.
Целото нивно патување погледнете го ТУКА
За да го помогнете патувањето на Силве и Тони, донирајте ТУКА