Maкедонскиот “министер за одбрана” ја избриша “северна”, за него постои само Македонија (Фото)

Ракометниот голман Борко Ристовски на својот Инстаграм-профил објави фотографија од хотелот во Словенија во кој е сместен националниот ракометен тим.

На фотографијата тој го пречкртал името Северна и напишал „никогаш северна“.

„Резервирано за играчите на националниот тим на С. Македонија“, пишуваше на ливчето во хотелот во Словенија пред Ристовски кого фановите го нарекуваат “министер за одбрана” ја пречкрта буквата Н.

Македонските ракометари се во Словенија, каде се подготвуваат за Европското првенство, што стартува на 9 јануари а се игра во три земји: Австрија, Шведска и Норвешка.

Борко Ристовски е стратешки советник за спорт на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Извор: “Еxpres.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.