Maкедонска убавина! Цела Пелагонија на Иванден во манастирот Св. Јован Крстител во битолско Беранци (ФОТО/ВИДЕО)

Голем број верници синоќа го посетија преубавиот манастир Св. Јован Крстител над село Беранци, битолско.

Се пееја песни, се играа ора, буквално цела Пелагонија беше на едно место.

Една преубава празнична атмосфера во која уживаше и младо и старо.

Манастирот во Беранци е еден од најубавите во Пелагонија, а најпосетен е токму за Иванден. Така беше синоќа, а така ќе биде и денеска на самиот празник.

За многу години и напомош!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.