На мултикултурниот фестивал кој вчера се одржа во австралискиот град Мелбурн, со свој настап се претставија и членовите на ансамблот кој го носи името на македонската поп ѕвезда, Тоше Проески.
Пред бројна публика со овации и аплаузи, се виеше македонско оро – доказ дека македонската култура и традиција се негува насекаде во светот.