Maкедонија стигна и до втората победа на Светското првенство во Франција: ГАЗЕТЕ ЛАВОВИ!

FYR_600_400

Растеретено, но без потценување на противникот, Македонија стигна и до втората победа на Светското првенство во Франција.

Во салата во Мец, нашите момци вечерва ја совладаа репрезентацијата на аутсајдерот Ангола со резултат 22:31 (9:14 ), кои за време на мечот на моменти се покажаа како цврт костен, иако Македонија за време на целиот меч ја имаше предноста и контролата во свои раце.

Kaj нас капитенот Лазаров во негов стил постигна 10 погодоци, Гоце Ѓорѓиевски постигна 5, Стоилов 2 , Маркоски 2, исто како и Дејан Манасков.

За одбележување е и тоа што прилепскиот голман Благојче Трајковски на два пати се запиша во листата на стрелците.

Со оваа победа нашата репрезентација ги отвори вратите кон осминафиналето, а борбата за подобар пласман на табелата штотуку следува.

Веќе во понеделник Македонија игра против Словенија, која ќе биде првиот сериозен тест за можностите на нашата репрезентација.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.