Даниел Кајмаковски и Ивана Петерс се победници на суперсезоната од шоуто “Твоето лице звучи познато”.
Синоќа се одржа финалната вечер на едно од најгледаните шоуа на Балканот, а нашиот Даниел Кајмаковски е по втор пат победник, откако неговиот заеднички настап со Ивана Петерс доби најмногу гласови преку СМС пораки.
Даниел И Ивана во финалето се претставија како Нели Фуртадо и Џејмс Морисон, а за победата освоија чек во вредност од 25.000 евра. Тие настапуваа како тим од третата сезона на ова популарно шоу.
Овие пари тие ќе ги донираат за лекување на двегодишно момче од Србија, за кое во текот на емисијата дознале преку веб сајтот “budihuman.rs”.
Во жири комисијата во финалната вечер беа и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, како и еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Харис Џиновиќ.