Maкедонија мрзнеше утрово – Измерени -12 во Крушево и Битола, -10 во Прилеп

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени.

Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија.

Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

Во Скопје денеска ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.