Македонскиот репрезентативец во кајакарство Љубомир Спасиќ од Велес, викендов настапи на Европскиот куп во Чешке Будејовице, каде со неговиот настап го потврди и освои првото место во генералниот пласман за 2019 година, на европската ранг листа.
Спасиќ е прв на листата од над 200 кајакари од 17 држави и е вистинска македонска спортска гордост.
Во текот на целата сезона Љубомир настапи на Европските купови во Скопје, Словенија, Германија, Шпанија, Италија и овој последниот и финален во Чешка.
Во наредниот период од оваа сезона му преостанува уште настапот на Светското првенство кое на крајот од септември ќе се одржи во Шпанија.