Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.
По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.
Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.
Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.
Меѓусебниот биланс со Австријците на Македонија е позитивен. Досега сме забележале 3 победи, а два пати сме биле поразени.
Другите двојки од оваа група се:
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот).