Maкедонија вечерва против Франција го стартува Евопското првенство во ракомет

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Дизелдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.

Покрај во Дизелдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен.

Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани од секоја група одат во Главната фаза која ќе се состои од две групи со по шест селекции.

Европската ракометна федерација ги објави и судиските номинации за машкиот ЕХФ ЕУРО 2024 година во Германија. Помеѓу 18 двојки се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Првенството се одржува од 10 до 28 јануари следната година, а бранител на шампионскиот трофеј е Шведска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.