Maкедонец по потекло од Битола избоден до смрт пред ресторан во Австралија (ВИДЕО)

Триесет и еден годишниот Дени Димовски по потекло од Битола, е избоден до смрт во тепача  во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, пренесуваат австралиските медиуми.

Тепачката која завршила фатално по животот на Македонецот се случила пред македонскиот ресторан “Корзо Грил” во сопственост на Џим и Јасмина Рибаровски.

Тие за Дени велат дека бил лојален гостин во ресторанот и добар пријател.

Околностите под кои настрадал Македонецот сеуште не се познати.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.