Успесите на нашите репрезентативци во досегашниот тек на Европското првенство во Хрватска не ги освоија симпатиите само на домашната публика, туку и на нашинците од дијаспората.
Тони Темелковски кој живее во Торонто Канада преку својот Фејсбук профил напиша статус преку кој вели дека ќе донира финансиски средства за две лица да отидат и да ја бодрат нашата репрезентација во следната фаза во Вараждин.
Тој вели дека би ги покрил трошоците за влезници, ноќевање и патни трошоци за две лица, а целта како што пишува не му е за фалење, ниту за привлекување внимание, чисто поради поттик дијаспората и сите кој ги следат ракометарите од пред малите екрани, а не се во можност да бидат таму, да донираат како него за поддршка на нашата силна репрезентација.
Неговиот услов е едноставен, бара да добие фотографии и видеа од атмосферата во салата во Вараждин, бидејќи самиот не е во можност да присуствува.