На социјалните мрежи се шири Фејсбук статус на извесен Македонец Бојан Мицевски, кој доживеал непријатна ситуација во една кумановска бурекџилница. Само поради тоа што порачал на македонски јазик, Бојан можел да го извече подебелиот крај, па наместо ѓеврек и јогурт непотребно да биде нападнат.
“Куманово, Јас во бурекџилница. Сум застранил во албански дел од градот, немам поима, а не ме ни интересирало.
Внатре гужва, присутни 15 луѓе во објектот, два-тројца постари во години, останатите беа млади. Ситуација мирна се додека…
Ми дојде редот, културно си чекав, ми се обрати вработената на албански, на кои што и реков на македонски
,,Ве молам, еден ѓеврек и јогурт”.
И тогаш ко да е удри гром од ведро небо, младите почнаа да ме гледаат попреко ко да сум им ја убил мајка им.
Јас Повторувам ,,Ќе може, ѓеврекот и јогуртот?”. Ми се обраќа на албански повторно и ми крева рамења, на што во моментот се вмешува еден од постарите во објектот, човек во години, и и прозбори нешто на албански и тогаш ми го подаде бараното, на што стариот човек ми преведуваше дури и за цената колку да платам. Платив и си тргнав, на што стариот дедо ме фати за рамо и ми кажа ,,Синко, не планирај тука да ја јадеш храната, замини си подалеку, такви се тука младите, имаат проблем со тебе ако не си наш”.
Му се заблагодарив и заминав.
И чек сега, ова е тој соживот, во своја држава да имам ограничувања кај да се движам? Ај ако не и бели траки на рака, ко Хитлер на Евреите да ни стават.
Во своја држава да знам туѓ јазик за да морам да добијам да јадам? Лудило.
И не, неаме ние проблем со нив, него они со нас, тоа затоа што се многу допуштени од наште немакедонски политичари.
Конвенцијо за Човекови Права, се слушаме?”