Maгијата на турскиот чај: Краток филм на Андреј Златаноски од Прилеп кој изобилува со посебна убавина (Видео)

Андреј Златаноски од Прилеп изработи краток филм кој ја доловува магијата на пиење и уживање во турски чај.

Златаноски има 19 години и веќе 4 години професионално се занимава со фотографија, филм и видео монтажа, а работи во “Фан продукција Зоран”.

Работи и како фриленсер на повеќе страници, а досега има освоено две награди за филм и две награди за фотографија. Неговата цел во иднина е да добие оскар.

Краткиот филм во продолжение прикажува дека пиењето чај е дел од вековната култура на луѓето и дека во него се ужива секој ден, секој момент, насекаде….

Повеќе видеа од Андреј погледнете на следниот ЛИНК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.