Пронајден машки труп во близина на железничката пруга Прилеп-Битола во атар на село Беровци.
– На 11.02.2023 околу 11.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Долно Садово“, атар на с.Беровци, прилепско, во близина на железничката пруга Прилеп-Битола, бил пронајден машки труп, информира МВР.
Како што информираат од МВР, за случајот е известен Јавен обвинител, кој заедно со увидна екипа од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот и по чија наредба телото е предадено за обдукција.