Најстарата населба во Прилеп, населбата од која започнал и се развивал градот под “Марковите Кули”, во изминатите 12 години доживеа целосен расцут и конечно го доби ликот и изгледот кој го заслужува.
Ако пред 12 години оваа населба, од која потекнува целата култура, традиција, историја и воопшто живот во градот, беше целосно запоставена со само неколку асфалтирани улици, денес населбата речиси целосно инфраструктурно се изгради, а се планираат и многу идни проекти.
Се асфалтираа многу улици, се поплочија тротоари, се поставуваше нова водоводна и канализациона мрежа, се конзервираа цркивите и манастирите во оваа населба, се изгради амфитеатар ….
Еве како се развиваше населбата:
После децении на нефункционирање, во 2016 година комплетно се реконструираше и обнови источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош. Инвестицијата за овој конак се обезбеди со средства од Министерството за култура, а таа чинеше околу 13 милиони денари.
Нов асфалт добија голем број на улици, а некои беа асфалтирани по прв пат. Тука како поглеми ќе ги споменеме улиците: „Ило Полутешка“ и краците на оваа улица во должина од 700 м.; „Димче Антулески“ во должина од 400м; “Гога Јанкулоски” и “Мире Цилкоски” во должина од 670 и.т.н.
Во оваа населба во Прилеп останува уште сосема мал дел за асфалтирање, во долниот дел на Варош, каде сеуште се работи на промена на канализациониот систем, а веднаш потоа ќе се пристапи кон асфалтирање.
Населбата доби амфитеатар во византиски стил, место каде се одржуваат најразлични културни и музички манифестации и кој му даде посебен шмек на овој дел од градот.
Партерно беа уредени патеките до многуте цркви и манастири, како и до најголемиот манастир кој се наоѓа над населбата “Св. Архангел Михаил”.
Комплетно реконструирано беше подрачното училиште “Блаже Конески”, кое не беше допрено од неговата изградба во 1924 година. Заменета е столаријата, направена е промена на подовите, молерисување на ѕидовите, таваните, средување на санитарните јазли, ставање на централно парно греење и надворешна нова фасада . Финансиската конструкција на ова реновирање изнесуваше 2.000 000 денари средства обезбедени од Буџетот на општината.
Училиштето доби и ново игралиште на стартот на оваа учебна година.
Улицата “Ило Полутешка” покрај нов асфалт, доби и потпорен ѕид со што значително се подобри безбедноста на кракот од улицата кој ја поврзува населбата “Варош” со населбата “Под Кули”.
Oва е само мал дел од се’ она што беше направено за оваа населба, која конечно го доби целиот сјај кој го заслужува. Граѓаните се благодарни на градоначалникот Ристески и локалната самоуправа, бидејќи знаат каков залак требаше да се проголта и да се направи ова што денес е направено.
Александар Г.