Maрковите точакџии со велосипеди се искачија до Тапанче на Маркови Кули и ја започнаа сезоната (ФОТО)

Со искачување до врвот Тапанче на Марковите Кули, велосипедистите од здружението “Маркови точакџии” ја започнаа новата сезона за возење.

Членовите на ова здружение се едни од најактивните велосипедисти и промотори на возењето велосипед. Нивните членови во неколку наврати направија извонредни подвизи, возејќи стотици километри до Истанбул, Солун, Кавала, Воден, Лерин…. и до голем број други места ширум и надвор од државата.

ФОТО: Андреј Ристески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.