Maнчестер се ослободи од Мурињо: Лошите резултати си го направија своето

После поразот од Ливерпул со 3:1 во неделата, се чини чашата беше прелиена, па Манчестер Јунајтед му го врачи долгоочекуваниот отказ на Жозе Мурињо.

Клубот одлуката ја објави на својата веб страна, а во краткото соопштение напишаа дека му се заблагодаруваат на Мурињо за неговата работа и му посакуваат успех во иднина.

Од клубот најавија дека ќе биде поставен нов привремен тренер, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

Медиумите веднаш објавија дека тоа ќе биде поранешниот играч од средината на теренот, Мајкл Керик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.