На Фејсбук страната Od Nas Za Nas / United We Stand Tall oбјавена е информација дека малолетно дете со помош на полиција било исфрлено од ООУ “Блаже Конески” во Велес, а причината за тоа била непримена вакцина.
“ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА! Секојдневно добиваме известувања за проблемите на родителите кои се дискримирани на еден или друг начин, поради непочитувањето на нивното со Устав загаранитирано право. Чашата е прелеана! Да се исфрли дете од училиште со полиција, заради непримена вакцина?!!! Дали детето е криминалец? Дали директорот пред сѐ е педагог? Кој е тој да му го ускратува правото на школување на детето? Дали Вие немате деца? Има ли ова крај?”, пишува на Фејсбук страната.