Зоран Заев ги предложи до Собранието новите заменици министри во Владата на Република Македонија. Четири од новите заменици се за ДУИ, 3 за Алијансата на Албанците и 8 за СДСМ. Она што може да се забележи е дека во највисоките редови на СДСМ се враќа Јани Макрадули кој е именуван за Заменик министер во министерството за животна средина и просторно планирање.
Ова се останатите заменици министри во новата Влада:
– За заменик на министерот во Министерството за одбрана
Д-р Беким Максути
– За заменик на министерот во Министерството за внатрешни работи
Д-р Агим Нухиу
– За заменик на министерот во Министерството за правда
г.Оливер Ристовски
– За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи
д-р Арта Точи
– За заменик на министерот во Министерството за финансии
д-р Ширете Елези
– За заменик на министерот во Министерството за економија
м-р Кире Наумов
– За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
г.Власте Димковиќ
– За заменик на министерот во Министерството за здравство
д-р Гоце Чакаровски
– За заменик на министерот во Министерството за образование и наука
Д-р Висар Гани
– За заменик на министерот во Министерството за труд и социјална политика
Д-р Елми Азири
– За заменик на министерот во Министерството за локална самоуправа
м-р Дејан Павлески
– За заменик на министерот во Министерството за култура
г. Владимир Лазовски
– За заменик на министерот во Министерството за информатичко општество и администрација
г.Александар Бајдевски
– За заменик на министерот во Министерството за транспорт и врски
м-р Ремзи Мехмеди
– За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање
м-р Јани Макрадули