Најновото истражување на Брима Галуп покажа дека околу една третина од жителите на Украина и Македонија велат дека не се задоволни со своите животи. Истражувањето е спроведено во 42 држави, пренесува Радио Слободна Европа.
Македонците се едни од најнесреќните народи во светот, а доколку се земат приликите во нашата држава овој факт и не изненадува.
Во Европа и регионот Македонија е една од државите со најниски просечни плати, а и корона кризата си го направи своето оставајќи околу 20 илјади Македонци без работа.
Поразителни се статистиките и на здравствен план имајќи во предвид дека во моментов Македонија е на високото 10-то место во свет по смртност од коронавирусот.
Да не ја заборавиме промената на името и сите понижувања кои Македонците ги преживеаа од соседите.
Се поставува прашањето за што да бидеме среќни?!