“Мори чупи костурчанки” ечеше во село Цармариново, Негушко во Егејска Македонија. Македонците од овој крај облечени во маички со сонцето од Вергина, виеја оро и пееја на цел глас.
Една величествена прослава, исполнета со многу патриотски чувства и љубов кон својата татковина Македонија.
Иако со договорот помеѓу Македонија и Грција, нашата земја се откажува од малцинството во Грција, Македонците таму како никогаш досега јавно ја покажуваат својата национална припадност и се повеќе се верни на традицијата, обичаите, македонската песна и ора.