Македонската дијаспора се мобилизира во сите краишта на светот и активно се спротивставува на процесот за промена на името на државата и националниот идентитет на Македонците.
Денеска во Франкфурт голем број од нашинците во овој германски град излегоа на протест со развиорени знамиња и кажаа “НЕ” за промена на државното име.
Претходно Македонците од дијаспората вакви собири одржаа и во Берлин.
Ваквите собири ќе продолжат и во наредниот период, а целта на истите е една – испраќање на порака до европските и светски веле сили дека името на државата не е на продажба.