Maкедонско знаме и Пајдушко оро на НБА натпревар: Македонско-Турска вечер во чест на НБА играчот роден во Охрид (ВИДЕО)

Во средата на 14 ноември, турскиот ансамбл “Kaрделен” играше Пајдушко оро на полувремето од натпреварот во НБА лигата помеѓу Вашингтон Визардс и Кливленд Кавалирс.

Натпреварот се одигра во “Capital Onе” арената во Вашингтон, а на полувремето заедно со играорките во турски носии, настапи и Македонката Катерина Трајкова која беше облечена во македонска народна носија од скопскиот регион.

Околу 150 луѓе присуствувале на заедничката Македонско-Турска вечер, која била организирана во чест на играчот на Кавалирс, Чеди Осман, кој е роден во Охрид .

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.