Maкедонските боксери со одлични борби на спектаклот во Рим – прилепскиот бокс мајстор Чатлески презадоволен (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На 13.10.2018 во Рим Италија се одржа професионален боксерски спектакл во организација на “Поенокс тим”.

На овој настан настапија нашите професиoнални боксери Денис Муаремовски, против Марко Колачеци (6 рунди) и дебитантот Јове Петровски, против Давиде Тибери (6 рунди).

Нашите боксери беа предводени од Дарко Чатлески, а припремите ги водеше тренерот Златко Мурџевски.

“Нашите боксери настапија самоуверено и прикажаја одлични борби при што домашните боксери боксуваа со резерва поради опасноста од несакан пораз со прекин. Јове Петровски боксуваше речиси сите рунди убедливо, а поради стара повреда во пределот на ребрата мораше да се прекине мечот на почетокот од шестата рунда.

Денис Муаремовски боксоваше самоуверено и стабилно. Во третата рунда зададе јако предно кроше на Марко и серија удари, по што од четвртата рунда се смени тактиката на Марко. Со кружење и избегнување на борба до шестата рунда од страна на италијанскиот боксер судиите донесоа поделена одлука во корист на Марко Колачеци.

Во мојата менаџерска кариера за прв пат видов прави професионални боксерски мечеви од страна на нашите боксери во странство.

Добив неколку понуди во Европа за оваа година и ќе се одлучи за брзо на кои профи мечеви ќе настапат нашите боксери.

Планот ни е и да организираме еден професионален боксерски спектакл во Македонија, но за тоа ќе ни треба поголема финансиска поддршка”, истакна прилепскиот бокс мајстор Дарко Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.