Maкедонскиот Питагора освои cpeбpo на Светската математичка олимпиjaда: По пауза од 10 години штипјанецот Дамјан Давков и донесе сребро на Македонија

На Светската математичка олимпијада ИМО 2021 Дамјан Давков освои сребрен медал, и со тоа стана најмладиот освојувач на СРЕБРО во Европа и четврти во светот.

Веста на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.