Maкедонскиот духовен водач во Грција Никодим Царкњас го исполни сонот: Црквата Света Злата Мегленска ќе биде живописана по Велигден

Изградена е првата црква Свети Злата Мегленска каде се служи на македонски јазик во Егејска Македонија, во Аридеа или С’ботско, Воденско. После велигденските празници божјиот дом конечно ќе биде живописан.

Македонците ќе крштеваат, венчаваат и ќе испраќаат упокоени на последниот пат во грандизното духовното светилиште. Со божја промисла, силна волја и помош од дијаспората, градбата траеше 18 години во амбиент на сериозни закани од локалното грчко население.

Градбата главно е финансирана од македонската дијаспора од Америка, Канада и Австралија.

Македонската црква е дело на архимандритот Никодим Царкњас. Тој е етнички македонски и православен монах во поодминати години. Повеќе од деценија се бори со опструкциите на грчката црква и државата да се крене православниот храм. Изгонет од грчката црква и затворан, свештеникот е упорен и посветен на борбата за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во Северна Грција.

Како симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните, политичките и верските права, тој се жали дека грчката држава продолжува со опструкциите со аргументи дека приливите од странство за црквата биле од сомнителни извори.

Царкњас стравува дека поради растот на антимакедонските тенденции во Грција, сериозна е заканата за Македонците во иднина. Тоа го поткрепува со заканите дека темните сили ќе ја запалат црквата.

Според него, Синодот на МПЦ недоволно се грижи за македонското малцинство во Грција. Слаба била поддршката и од македонските власти. Тие биле премногу тивки што го обесхрабрува македонското малцинство во Грција.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.