Maкедонка го pacплака жирито на шоуто “Малта има талент”: Погледнете го нејзиниот емотивен настап кој доби “ДА” од сите членови на жирито (Видео)

Шоуто „Британија има талент“ поради својата популарност се прошири речиси во сите поголеми земји во светот со своја верзија, па токму благодарејќи на него на виделина излегоа огромен број на млади и не толку млади неверојатни таленти. Од пејачи и танчери, до магионичари и уметници со песок, во талент шоуто се појавија многумина.

И Македонците кои живеат надвор од границите на нашата држава често знаат да изненадат на талент шоуата, а последна во низата е тетовчанката Деница, која се пријави токму на ваквото шоу во Малта.

Таа веќе неколку години живее на Малта и за себе кажа дека на таму дошла да ја истражи земјата, но решила да остане да живее, бидејќи се заљубила во државата. Даница со својата изведба на „Malta’s Got Talent“ буквално ги расплака сите во жирито со својот емотивен настап изведувајќи традиционална малтешка песна и доби пофалби од сите.

Даница ги освои симпатиите на жирикомисијата со својата изведба и ги доби пофалбите од сите, но сега нејзиниот настап неверојатни се шири и на социјалните мрежи.

Погледнете го настапот на Деница:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.