Maкедонката Мери Акиевска двоен и апсолутен светски шампион во бодибилдинг за јуниори и сениори (Фото)

Од 3 до 8 Ноември во Санта Сузана, Шпанија се одржува 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори.

Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер.

На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.

Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.

ФОТО/Bodybuilding and fitness federation of Macedonia/Facebook




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.