Maкедонија пpoтepa уште еден pycки дипломат и тоа откако му завршил работниот мандат во амбасадата – Русија најави соодветен одговор

Властите на Северна Македонија прогласија дипломат во Руската амбасада во Скопје за „персона нон грата“. Овој пат станува збор за вработенениот кој го заврши својот мандат уште пред одлуката да биде објавена – информираат од Руската амбасада во Македонија.

-За жал, македонската администрација продолжува да чекори по пат на конфронтација, не го зема во предвид фактот дека таквите чекори се штетни за билатералните односи.

Се разбира, ќе мораме соодветно да одговориме на овие немотивирани непријателски активности – велат во соопштението од амбасадата на Руската федерација.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди вчера дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата.

-БИДЕЈЌИ ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ТОЈ ТИП СЕ ОБИЧНО ОД ДОВЕРЛИВ КАРАКТЕР, НЕ МОЖАМ ДА ВЛЕГУВАМ ВО ДЕТАЛИ, МЕЃУТОА МНР СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ДОБИЕ ПОТВРДЕНИ И ДОКУМЕНТИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА АКРЕДИТИРАНИ СТРАНСКИ ДИПЛОМАТИ КОЕШТО Е СПРОТИВНО НА ПРИНИЦПИТЕ НА ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СВОЈАТА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, МЕЃУТОА И БЕЗБЕДНОСТА НА СОЈУЗНИЦИТЕ ВО СОЈЗУОТ ВО КОЈШТО ПРИПАЃАМЕ. ТАКА ДА, ИНФОРМАЦИЈАТА Е ТОЧНА, ИЗЈАВИ ОСМАНИ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.