Maкедониja му oдpжa лeкциja по пeeњe на Бaлкaнoт: Ленче Кукиќ и Бejxaн Paмoв пoбeдници на шoутo “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)

Македонската пејачка, 42-годишната струмичанка Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“. Во финалето таа настапи со песната „Не иди од мене, злато моје“ од Мирјана Беширевиќ. Сепак, Ленче не е апсолутен победник, бидејќи ги освои срцата и на жирито и на Фејсбук публиката, но не успеа да се избори со тромавоста на смс-публиката.

Од стручното жири македонската пејачка освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Беше втора според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

Првата награда од СМС гласањето ја освои Бејхан Рамов, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.