Македонија, до своето шесто учество на ЕП ќе треба да дојде во дуелите против селекциите од групата Г во која за противници ќе ги има: Унгарија, Велика Британија и Луксембург.
Во останатите групупи ќе играат:
А група: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар.
Б група: Германија, Холандија, Австрија, Данска.
Ц група: Русија, БиХ, Шведска.
Д група: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија.
Е група: Словенија, Украина, Бугарија, Косово.
Ф група: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија.
Квалификациите ќе се играат летово, во периодот од 31 август и 17 септември.
Учество на шампионатот ќе обезбедат 11 селекции и тоа седумте првопласирани, како и четири од второпласираните од секоја од квалификациските групи.
Пласман на ЕП веќе имаат обезбедено 13 репрезентации. Покрај четирите домаќини, Финска, Турција, Романија и Израел, и финалистите од последното ЕП 2015, Шпанија и Литванија, на следното ЕП сигурно ќе играат и репрезентациите кои ќе настапуваат во квалификациите за ОИ во Рио, а меѓу кои се: Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Италија, Летонија и Србија.