Македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лигата на нации ќе игра во групата од 1 од Б сегментот против Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Ова е одлучено вечерва со жрепка која беше извлечена во Брисел, на маргините на редовниот конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Македонската делегација на жрепката во Брисел ја предводеа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и селекторот Гоце Седлоски.
Петтата по ред сезона во Лигата на нации ќе стартува во септември, а групната фаза ќе финишира во ноември.
Македонската репрезентација прв пат во историјата ќе игра во вториот по ранг сегмент во Лигата на нации, откако минатата сезона заврши првопласирана во својата група во Ц дивизијата.
Останатите групи се следни:
ЛИГА А:
А1: Франција, Италија, Белгија, Турција
А2: Германија, Холандија, Србија, Грција
А3: Шпанија, Хрватска, Англија, Чешка
А4: Португалија, Данска, Норвешка, Велс
ЛИГА Б:
Б1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Б2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Б3: Израел, Австрија, Ирска, Косово
Б4: Полска, БиХ, Романија, Шведска























