Maкедонец на кавал ја свири главната тема од “Игра на тронови”, а музиката и видеото се неверојатно моќни (Видео)

Познатиот македонски музичар Горан Бојчевски направи кавер верзија од главната тема на легендарната ТВ серија “Игра на тронови”.

Горан музиката ја свири на кавал, а видеото е снимано на Стариот замок во словенскиот град Цеље.

Изведбата на музиката, но и целото видео се едно вистинско ремек дело, какво ретко кога се изработува кога се во прашање ваквите преработки.

Бојчевски е кларинетист и композитор, а роден е во Битола. Неговото име стои зад голем број музички дела.

Во продолжение уживајте во “Игра на тронови”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.