MAДРИД ВО ПЛАМЕН: Мигранти предизвикале нереди и жестоки судири со полицијата во центарот на градот (ВИДЕО)

Шпанската престолнина ја тресат насилни протести на илегалните мигранти, а причината е судирот на полицијата со мигрант од Сенегал кој работел како уличен продавач. И покрај тоа што сеуште не постојат индиции дека полицијата употребила повеќе сила од потребното, мигрантите организирале протест и направиле големи нереди во главниот град на Шпанија.

Протестите започнале откако мигрантите ја обвиниле полицијата дека е одговорна за смртта на мигрантот од Сенегал. Тој починал откако се нашол во судир со полицијата, а мигрантите го искористиле случајот за предизвикување нереди.

Мигрантот кој го загубил животот илегално влегол во Шпанија од Сенегал и се занимавал со недозволена продажба низ улиците на шпанската престолнина.

Мигрантите за време на нередите запалиле голем број канти на улиците низ Мадрид, при што изгледало дека градот целосно гори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.