Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата “Го сакам Тетово”, со настапи на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм.
Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во “Жена парк”, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.
-Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.
Oд иницијативата “Го Сакам Тетово” најавуваат и други музички настани во текот на летото.